Големиот Фенербахче падна во Скопје, Вардар слави

by fokus

Македонскиот шампион Вардар вечерва го совлада турскиот гигант Фенербахче со одлични 2-0 во пресрет на реваншот во Турција наредната недела.

Мечот започна со притисок на гостите, но Вардар ја искористи првата посериозна шанса и истата ја претвори во гол, кој го реализираше ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан во 20 минута.

Во финишот од мечот македонскиот тим остана и со играч помалку затоа што поради втор жолт картон исклучен беше капитенот Бобан Грнчаров.

Во целата мешаница во триминутното продолжение, Топал и голманот Камени не се разбраа најдобро, па со автоголот во 91.минута Вардар поведе и со 2:0. Во последната минута нервозни од резултатот, фудбалерите на Фенербахче зарботија и црвен картон.

ФОТО: gol.mk

 

Поврзани новости