Голем пожар над Кондово, паника во селото и евакуација

by fokus

Големиот пожар кој вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово зафатил и неколку куќи, тврдат селаните кои екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК ги затекна на клучката кај скопската обиколница.

Влезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата.

Огнот го гасат девет противпожарни возила. Поради ветерот што дува гасењето е отежнато.

Поврзани новости