Го тепале сопственикот на локал во Прилеп и впериле пиштол на 16-годишната девојка што била со него

by Fokus

Тројца насилници претепале сопственик на локал во Прилеп и се заканувале на 16-годишна девојка, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 22.00 часот во угостителски објект  во Прилеп, сопственост на Г.Р., додека Г.Р. седел со 16-годишна девојка од Прилеп, влегле лицата: М.Н., З.Д., К.П. и уште едно лице и почнале да го удираат по главата и телото. Според пријавата,  М.Н. вперил пиштол кон девојката и се заканил да не пријавува во полиција. Со возило на Итна медицинска помош Прилеп Г.Р. бил префрлен на Хируршкото одделение во болницата во Прилеп. Полициската станица Прилеп презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости