Го расекла со нож по глава свекорот, откако претходно се скарала со сопругот

by Fokus

Стружанка го расекла својот свекор со нож по глава по претходна расправија со нејзиниот сопруг, информираа од МВР.

Според полицијата, против 41-годишната Х.М. од село Радолишта е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На  07.02.2018 година во село Радолишта во домот на Ј.Х.(70), при  караница помеѓу пријавената и нејзиниот сопруг, којшто е син на Ј.Х., истата по упатени закани физички го нападнала Ј.Х., и со нож го расекла  во пределот на главата и челото.

Поврзани новости