Гинекологија со писмо до екс директорката: „Боса“ сте во својата струка и направивте плагијат на вашиот докторски труд, го украдовте од доктор од друга земја

by Fokus

Скопската Клиника за Гинекологија ја демантира поранешената директорка на клиниката доктор Марија Хаџи-Лега, тврдејќи дека е непрофесинална во својата струка и дека за неа се води постапка за можен плагијат на научен труд. Нивниот демант ви го пренесуваме во целост:

Во однос на тврдењата во ова отворено писмо на др. Марија Хаџи-Лега дека, цитираме: „На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во текот на првата половина на 2017 беше имплементирана најнова метода (хромозомска Microarray анализа) во цитогенетската лабараторија и лабараторијата за молекуларна дијагностика“,  изјавуваме дека сеработи за застарена метода, која не се препорачува за дијагноза на генетски оштетени плодови.

Имено, според препораките на Американското Здружение на гинеколози и акушери, 2016 Practice Bulletin на ACOG за пренатално дијагностичко тестирање за генетски нарушувања, методата Сomparative genomic hybridization (CGH) за идентификација на субмикроскопски хромозомски делеции и дупликации, која др. Марија Хаџи -Лега ја цитира како најнова метода, всушност има дискутабилна валидност заради лимитираната интерпретација на дилемата дали промените во ДНК се патологија или варијација на еден нормален алел во човечката популација.

Затоа оваа метода не се препорачува како рутинска во пренаталната дијагностика. Ние лично консултиравме истакнат професор -генетичар од Клиниката за педијатрија при Медицинскиотфакултет – Скопје, кој уште еднаш ни потврди дека горе цитираната метода има индикација за веќе родени деца, кои во раното дејство покажуваат дадени симптоми, но никако за неродени фетуси, кога би постоело опасност да се жртвува и здрав плод, кој некогаш е и долго очекуван од родителите.

Сметаме дека со ова отворено писмо,др. МаријаХаџи -Лега врши класично мамење на јавноста, намерно или ненамерно заради нејзина стручна инсуфициентност и незнаење.

  • Манипулацијата со чувствата на родителите, алудирајќи на децата со посебни потреби од страна на др. МаријаХаџи-Лега оди до таму што таа не кажува дека резултатот со оваа метода не е точен пред породувањето, туку само ако симптомите се појават после породување. Згора на тоа, се работи за екстремно скапа метода од која никој, ниту трудницата, ниту нејзиното неродено бебе нема да имаат бенефит.Методата би имала полза само ако апаратот и тестовите би биле дадени на Клиниката за педијатрија каде кај болните деца би се утврдила точната дијагноза која би индицирала правилно евентуално лекување. Заради стручната инсуфициентност на др. Марија Хаџи-Лега направен е невиден ненаменски трошок на клиниката, поради што се намалила можноста на набавка на основни лекови и апаратура за многу прематурни бебиња, со што се оштетени сите високоризични бремености и сите деца кои би биле спасени. Да ве потсетиме дека во нејзино време имаше најголем перинатален морталитет,  заради ваквите мегаломански проекти без никаков бенефит ни за клиниката, ни за пациентите.Др. Марија  Хаџи- Лега лажно ги цитира гајдлајнсите и манипулира со стручната литература и податоци под добро познатата фраза на минатата власт „согласно медицина базирана на докази”.
  • Манипулацијата со фактите продолжува со лажно презентирање дека генетичарите се обучени, бидејќи со еден еднонеделен курс едукација за такви сензитивнии следувања е невозможно  да се дадат валидни резултати на пациентките, кои би повлекувале и елиминирање на сите фетуси кои би биле сомнителни, со што би се жртвувале и здрави бебиња. Таквата ситуација не е дозволива во 21-от век, за која што многу јасно предупредува Американското здружение за гинеколози и акушери во своите гајдлајнси.
  • До каде оди манипулативноста на др. МаријаХаџи-Лега се гледа и од фактот дека за една година, колку што тестовите и апаратот се присутни на клиниката, направени се само 22 тестови, а згора на тоа од сите нив не произлегол ниту еден валиден резултат. Затоа е крајно некоректно и несериозно да се обвинуваат другите што не  ги направиле тие 290 тестови. Јасен е фактот дека овие тестови се само требувани, но не и употребувани. А, за да биде апсурдот уште поголем, ниту една фактура не е фактурирана, ниту пак, наплатена од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија во време на нејзиниот мандат.
  • Крајно безобразни се и нејзините обвинувања што за својата грешка ги обвинува членовите на дисциплинската комисија составена од врвни реномирани стручњаци, меѓукои: еден редовен професор со 33 години стаж, кој 28 години дежурал на клиниката и сам повеќе од 2 години ја водел родилната сала, а е 17 години наставник на Медицинскиот факултет и ги обучува идните доктори и специјалисти гинеколози-акушери, еден примариус со 35 години стаж во перинатологијата и еден примариус кој повеќе од 20 години го води Одделението за интензивна перипартална нега. И што е уште пострашно, овие обвинувања доаѓаат од страна на личност која нема никакво професионално искуство во перинатологијата со само неколку специјалистички дежурства во својата докторска кариера и која не може да изведе покомплициран царски рез. Со таков сиромашен стручен бекграунд и уште помал научен интегритет, др. МаријаХаџи-Лега не е повикана да дава оценка за членовите на комисијата. Уште повеќе и заради тоа што за нејзе се води постапка на Медицинскиот факултет и во Министерство за образование за можен плагијат на нејзиниот докторат одбранет во Ниш, а со кој е избрана нелигитимно за доцент на Медицинскот факултет и кој во повеќе од една третина е директен превод од англиски јазик над окторатот на LeenaRahkonen под наслов Preterm delivery and selected biomarkers phosphorylatedinsulin- like growth factor-binding protein-1 and matrixmetalloproteinase-8 – in cervical fluid, одбранет на Универзитетот воХелсинки восептември 2010 година. Ова претставува кражба на интелектуална сопственост и би можело да значи исклучување од академската заедница, мерки со кои се соочува др. Марија Хаџи-Лега и е потврда за нејзиниот неадекватен личен и професионален дигнитет.
  • И на крајот да потсетиме дека др. Хаџи-Лега со ова свое писмо врши кршење на втората Хипократова заклетва која вели „Почитувај го учителот и сакај го како свој родител“, затоа што сите членови на комисијата, кои таа најдрско ги навредува се нејзини учители, кои одамна се откажаа од неа заради отсуство на интерес од нејзина страна, така  што таа остана „боса” во струката, а истовремено се осуди и да краде интелектуален труд од доктор од земја, членка на Европска Унија, зашто  допрва ќе се чека одговор од меѓународниот суд.
  • За да го одржиме дигнитетот личен и дигнитетот на клиниката, секоја наредна преписка од овој тип  јапрекинуваме, бидејќи сите сме личности со висок  личен и професионаленинтегритет и работата  им ја препуштаме на официјалните органи на државата.

 

Поврзани новости