Гиле, новиот пулен на Петровиќ запеа во Прилеп: Со добра публика се заборава на умор!

by fokus
Амар Гиле, босанскиот пејач од чиј менаџерски тим е дел и Лилјана Петровиќ, менаџерката на легендарниот Тоше Проески, вчера имаше настап пред публиката во Прилеп.
На концертот кој се одржа во познат клуб во градот присуствуваа над 1.000 посетители, а Гиле и порача на македонската публика дека ова е само почеток на нивната дружба, и како пак наскоро ќе се врати да пее во нашата земја.
,,Два дена пред гостувањето во Прилеп имав настапи во Србија и Бугарија, овде дојдов право од пат. Одличниот прием и расположената публика направија да заборавам на уморот и драго ми е што луѓето пееа заедно со мене, се фотографираа и општо владееше една позитивна атмосфера’’ – вели пејачот.
Од Прилеп, тој денес замина во Виена, Австрија, каде вечерва има настап, а наредниот период се подготвувал и за голем концерт кој ќе се одржи на десетти декември во Арена, во Зеница, Босна и Херцеговина.
Гиле е првиот пејач со кого Лилјана Петровиќ започна соработка, десет години по смртта на Тоше. Таа ни изјави дека не дошла со него во Македонија како дел од неговиот менаџерски тим, бидејќи била задолжена за неговата соработка со медиумите, и не го придружувала на патувањата. Ни најави дека наредната година во план му се три концерти во Македонија, и тоа во Скопје, Битола и Охрид, а се преговарало и со Струмица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости