Германска амбасада: Точна е реченицата на Груевски на Твитер

by Фокус

-Тоа е многу точна реченица, која сосема и во целост ја поддржуваме, е одговорот на Германската амбасада во Скопје во врска со коментарот на премиерот Никола Груевски објавен на Твитер, кој следеше по заедничката изјава на амбасадорите пред Владата. Груевски напиша дека „народот е тој кој што одлучува за својата иднина“.

Пред да го објави тоа на Твитер, релевантните амбасадори во Скопје се собраа пред Владата и испратија порака дека ВМРО ДПМНЕ ги кочи преговорите за надминување на кризата и дека веднаш треба да се согласи на реформите кои ги предвидува договорот од Пржино.

Поврзани новости