Германија: Нема автоматски влез во ЕУ, прво исполнување на условите

by fokus

Нема да има автоматски влез за земјите од Западен Балкан во ЕУ на преходно утврден датум, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

– Јасно е дека кандидатите за членство мора да спроведат уште многу реформи, изјави Зајберт во пресрет на утрешното објавување на стратегијата на Европската комисија за земјите од Западен Балкан.

Зајберт нагласи дека Берлин секогаш ја нагласувал неопходноста од поставувањето јасна перспектива за членство на западнобалканските земји во ЕУ, но дури откако ќе ги исполнат поставените услови.

Поврзани новости