Георгиевски во одбрана на Заев: Да си македонски патриот треба да навиваш за Партизан и да ја слушаш Цеца?

by fokus

Откако во јавноста се крена бука за присуството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на натпревар на Шкендија, по што провладините медиуми го прогласија за предавник, реагираше и Љубчо Георгиевски.

-По присуството на Заев на фудбалскиот натпревар на Шкендија патриотите му одржаа добра лекција на предавникот. Инаку, да си вистински македонски патриот треба да навиваш за Ѕвезда, Партизан, Цеца, Аца Лукас и да си промотор на шабанарската музика, напиша Георгиевски на неговата официјална Фејсбук страница.

Поврзани новости