ГДОМ со контра-протести бара избори на 5-ти јуни

by Фокус

„Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина“ – порачаа приврзаниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) кои денеска излегоа на контра-протест во Штип.

ГДОМ за вечерва имаше најавено собири во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и во Тетово.

Со контра-протестите тие бараат одржување на предвремни избори на 5-ти јуни, сметајќи дека тоа е единствениот излез од политичката криза.

Поврзани новости