ГДОМ бара забрана за одредени политички партии и невладини организации

by Фокус

Граѓанската организација за одбрана на Македонија (ГДОМ) ќе бара привремено стопирање на работата на одредени политички партии и граѓански огранизации.

– Ќе испратиме барање до Уставниот суд за времено запирање на работа на сите граѓански здруженија, фондации и политички партии кои во моментов ја рушат и урнисуваат Македонија –изјави Александар Пандов на вечерашниот контра-протест пред Собрание.

На собирот присуствуваа голем број граѓани кои протестираа за одржување на предвремени избори на 5-јуни и дадоа поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости