Гарет за протерувањето на рускиот дипломат: Моќен израз на солидарност

by fokus

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет вечерва ја поздрави одлуката на македонското МНР да протера руски дипломат од земјава.

-Ја поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност, напиша амбасадорот Гарет на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Поврзани новости