Галерија: Дедомразовска трка

by fokus

Фотограф: Томислав Георгиев

На плоштад Македонија во склоп на Новогодишен базар „Подари среќа“ се одржа третата по ред Дедомразовска трка. Дури 450 дедомразовци се натпреваруваа во три категории на трката која беше долга 2 километри.

Победниците од категоријата на млади од 3 до 1 место беа: Ива Цветковска, Калина Марковска и Марко Јовановски. Во категоријата женски 3 место освои Ивана Кипријановска, 2 место освои Тамара Славевска и 1 место освои Рената Соколовска. Во категоријата мажи 3 место освои Богдан Цветковски, 2 место освои Атанас Анчевски и 1 место освои Дарио Ивановски.

Учесниците ја започнаа трката во 12 часот и истрчаа 2 километри.

Поврзани новости