ГАЛЕРИЈА Ахмети дојде со „мерцедес“, Мицкоски со „пасат“ на лидерската средба

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пристигна со џип „мерцедес“ на координативната средба во Клубот на пратеници каде ќе се разговара за новиот пакет предлози за името на медијаторот, Метју Нимиц.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, пристигна во возило марка „пасат“.

Средбата почна во 18.00 часот. Со премиерот, Зоран Заев, се министрите за одбрана и надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. На Мицкоски друштво му прават екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и Александар Николовски. Со Ахмети, пак, е вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи.

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости