ФЗОМ: Граѓаните знаат дека здравствените картички имаат рок на траење

by fokus

Откако деновиве излезе информација дека над 46 илјади граѓани до крајот на годината ќе треба да доплатат за обновата на здравствените електронски картички со реакција излегоа од ФЗОМ.

Од Фондот велат дека истекувањето на здравствените електронски картички не е никаква новина и за тоа граѓаните одамна знаеле.

„ЕЗК е БЕСПЛАТНА  за приматели на социјална парична помош и постојана парична помош, како и нивните членови на семејство. Картичката чини 100 денари за невработени, самохрани родители и деца без родителска грижа до 18 години, пензионери чија нето пензија е до 15.000 денари. Картичката чини 250 денари за вработени осигуреници и нивни членови“ – велат од фондот.

На секоја електронска здравствена картичка пишува дека трае пет години, а потоа треба да се обнови со доплата од 250 денари. Фондот информира дека сите оние кои имаат ЕЗК од јуни и јули, 2011 година ќе мора да ги однесат картиците во ФЗОМ и да се земат нови

Инаку, новината со електронските здравствени картички беше донесена 2008 година кога министер за здравство беше Бујар Османи. Тогаш требаше да се изработат 2,3 милиони картички, кои требаше да се финансираат од државниот буџет, но со доаѓањето на Никола Тодоров за министер, беше одлучено наместо бесплатни,  картичките да бидат на сметка на самите осигуреници.

Поврзани новости