ФСП: Време е Груевски да си замине од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Време е Груевски да си замине од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, смената на Извршниот комитет која е направена без дебата внатре во самата партија е уште еден доказ дека на партијата и е неопходна промена на Статутот, велат од Здружението за унапредување на демократијата „Форум на слободоумни патриоти“.

„Сакаме да му укажеме на Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ не е негова своина. Редно време е Груевски да прекине своите другарчиња да ги става во Извршниот комитет на партијата и тоа да го прикажува како некакво си освежување“, велат од здружението формирано од членови на ВМРО-ДОМНЕ, чиј претседател е Владимир Змејковски.

Од таму му порачуваат на Груевски дека нема, како што велат, да поминат неговите лаги и манипулации.

„Овој пат вашето т.н. освежување ќе доживее тотално фијаско. На чесните и искрени вмровци преку глава им е од вашето нахално однесување и ставањето на луѓе со сомнителни биографии и сомнително минато на одговорни позиции во партиските тела и органи. ВМРО секогаш било водено од истакнати интелектулаци, од кога сте вие на чело на партијата таму преовладуваат медиокритети и полтрони“, велат од „Форумот на слободоумни патриоти“.

Поврзани новости