ФСП: Нема услови за фер избори на 5 јуни

by Фокус

Форумот на слободоумни партиоти повика на бојкот на парламентарните избори најавени за 5 јуни, бидејќи, според ова здружение составено од основачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се согласуваат со политиките на актуелното партиско раководство, нема услови за фер и демократски избори.

„Партиското раководство под итно да поднесе одговорност и да се почне постапка за свикување на вонреден партиски Конгрес и избор на ново раководство. Единствениот начин за победа на престојните парламентарни избори е на вонредниот Конгрес партијата да се исчисти од аболицираните криминалци и од сите оние кои се инволвирани во т.н. бомби и за нив се води истрага во Специјалното јавно обвинителство. Доколку раководството остане немо на овој наш повик, ние сме подготвени на следните фер и демократски парламентарни избори да настапиме со независни листи“, соопштија од ФСП.

Поврзани новости