Фросина Ременски избрана за претседателка на Буџетскиот совет на Собранието

by fokus

Собранието денеска на продолжението на 35-та седница именуваше членови и заменици-членови на повеќе собраниски комисии и други тела.

За претседателка на Буџетскиот совет на Собранието на РМ е избрана Фросина Ташевска Ременски, а нејзин заменик член е Лилјана Кузмановска. Ова тело има девет членови.

Собранието денеска усвои и Декларација по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка.

Поврзани новости