Фронтменот на група „Молика“ побара да се одложи следното рочиште за „Транспортер“ за да не му пропадне турнејата

by fokus

Фронтменот на група „Молика, Џими Мицевски, кој е обвинет во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство, побара од судот денеска да се одложи следното рочиште за предметот затоа што имал турнеја во Австралија.

Доколку не го испочитува договорот, Мицевски рече дека ќе треба да плати оштета од 50.000 долари. Тој побара од судот раздвојување  на постапката.

-Во спротивно ќе сносам огромни трошоци и ќе ја запустам цела група – рече Мицевски.

Денешната расправа по предметот беше одложена затоа што еден од обвинетите бил на боледување. Следната расправа е закажана за 13-ти декември.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола. Се товарат дека го оштетиле буџетот за околу 360.000 евра.

Поврзани новости