Фотографии од местото на хеликоптерската несреќа

by Фокус

Увидот на истражните екипи на местото каде што околу 22 часот се урна хеликоптер во близина на Струмица се уште трае. Идентитетот на четворицата жртви најверојатно ќе биде соопштен утре. На лице место се собрани стотици граѓани, многу амбулантни и противпожарни возила и бројни полициски екипи.

Од фотографијата подолу можете да видите изгледал полицискиот хеликоптер пред несреќата.

На веб страницата на Струмица.нет објавени се фотографии од местото на несреќата. Од нив може да се види дека опашката на леталото е цела, но кабината е целосно уништена и изгорена. Според порталот, хеликоптерот удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио и по ударот се срушил во нивите, на 100-тина метри од објектите во индустриската зона.

Во прилог се дел од фотографиите објавени на Струмица.нет, а целата галерија можете да ја погледнете на овој линк.

Поврзани новости