ФОТО: Заев вчера ја парафирал изјавата со која му гарантира на Иванов дека ќе го штити Уставот

by Фокус

Конечната верзија на изјавата со која лидерот на СДСМ Зоран Заев му гарантира на претседателот Ѓорге Иванов дека новата влада ќе го штити уставниот поредок на државата, била составена и парафирана вчера, еден ден пред Иванов денес да му го довери мандатот на Заев за нова влада, произлегува од документот до кој дојде Фокус.

Според нашите информации, двете страни неколку дена ја подготвувале конечната верзија, бидејќи не можеле да се усогласат околу неколку детали во формулациите поврзани со унитарноста и албанската платформа, што било испеглано дури ноќеска.

Добро упатени извори велат дека кабинетот на Иванов првично инсистирал експлицитно да стои дека мандатарот се откажува од таканаречената Тиранска платформата, додека кабинетот на Заев сметал дека е доволно да се наведе дека заложбите од оваа платформа, декларација или изјава нема да биде составен дел од новата владина програма.

На крајот, очигледно е најдена компромисна формулација, која гласи: Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие не можат да бидат услов ниту основа за формирање и дејствување на владата на Република Македонија“.

В.С.

Поврзани новости