Фото: Учебник по социологија во кој се учи дека богатите можат да ги вработат своите деца и без некое особено образование

by Fokus

Учебникот по социологија за втора година гимназија во кој се учи дека припадниците на повисоките слоеви можат да ги вработат своите деца без да завршат некое особено образование е хит денеска на социјалните мрежи.

„Припадниците од повисоките слоеви ги тераат своите деца да завршат елитни училишта иако немаат економски причини за тоа. Тие можат да ги вработат своите деца без да завршат некое особено образование. Но, дипломите им се во функција за задоволување на престижната улога во општеството. Дипломите од факултетите им се потребни за да можат своите деца да ги изолираат од контакти со деца од пониските слоеви, кои можат да ги расипат“, пишува меѓу другото во лекцијата.

Поврзани новости