ФОТО: Шилегов му „дише во врат“ на Груевски на УЕФА суперкупот

by Фокус

Петре Шилегов, пратеник и потпретседател на СДСМ, на неговиот фејсбук профил објави фотографија од вчерашното финале од УЕФА Супер купот, на која се гледа дека тој го следи натпреварот на скопскиот стадион во редот веднаш зад членовите на највисокото партиско раководство на ривалскиот ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски.

„Некој мора да ги контролира дали се сите на број. Да не му текне на некој да избега. Началникот беше еден ред подолу. Сите се на број…“, напиша Шилегов.

Инаку, на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед го следеа и други функционери на СДСМ, вклучително и пратеникот Мухамед Зекири, кој сподели фотографија со колегите Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Енес Ибраим, преку која му упатија поздрав токму на Шилегов.

 

Поврзани новости