(ФОТО) Последната фотографијата која Калина ја направила на Кајмакчалан

by fokus

Весникот Нова Македонија ја објави последната фотографија која ја направила Калина Велевска која загина на Кајмакчалан. На фотографијата е црквата која се наоѓа на самиот врв. Од густата магла и снегот црквичката тешко се гледа, а на фотографијата може да се забележат и две силуети.

Калина и Александар се потпишале и во книгата која стои во црквичката. Освен нив, потпишани се и уште двајца планинари.

Според весникот, местото каде се лоцирани мобилните телефони на двајцата планинари е на само неколку метри од црквата. Во текстот се потенцираат неколку апсурди кои произлегуваат од извештајот на Трансверзалец. Нова Македонија најави дека специјализирана екипа на новинари во следните денови професионално ќе го  истражува случајот и сите материјали што ќе добијат ќе ги достават до надлежните со цел расветлување на случајот.

Поврзани новости