Фото од скопскиот Ургентен центар: Не ја отворајте вратата, да не ви падне на глава! Расипана е!

by Fokus

Во услови кога министерот за здравство Никола Тодоров се шета по скопските клиники и болниците низ земјава промовирајќи нова медицинска опрема и фалејќи се дека македонското јавно здравство е меѓу најдобрите во светот, сликата на терен покажува нешто сосема друго.

До редакцијата на „Фокус“ беше испратена фотографија од пациенти, кои биле на ренген во скопскиот Ургентен центар. На сликата може да се забележи дека се бара од пациентите да не отвораат одредена врата, која е расипана и може да им падне врз глава и да ги повреди.

Поврзани новости