Фото: Министерството за култура со нов „шарен“ имиџ на Фејсбук

by fokus

Министерството за култура доби нова профилна слика во боите на „Шарената револуција“ на официјалната Фејсбук страница на институцијата.

Промената доаѓа по преземањето на функцијата од новиот министер Роберт Алаѓозоски и неговиот тим, од претходничката Елизабета Канческа Милеска.

Деновиве на социјалните мрежи се појавија повеќе повици од граѓани и активисти упатени до министерствата да не ги бојадисуваат фасадите на зградите и да ги остават боите и трагите од протестите на Шарената револуција.

Поврзани новости