Фото: Како Меланија ја угости Зорица: Од пити со домати, риба и сладолед, до најквалитетно вино!

by Fokus

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, присуствуваше на приемот кај првата дама на Америка, Меланија Трамп. Меланија се покажала како добра домаќинка и со креативно мени ги изненадила гостите.

Ручекот го започнале со пита, полнета со сос од домати и пармезан, а потоа биле послужени со риба, позната како Black cod, сервирана со сос од цитрони и билки. Како гарнир со рибата, се служел црн ориз, а салатата била направена од млади листови од грашок. За десерт, гостите добиле нектарини прелиени со кафеав путер, кростата (пита со овошен мармалад) и сладолед од ванила.

Ручекот бил залиен со едно од најдобрите бели вина, Grgich Hills Estate Fume Blanc Napa Valley, берба од 2013 година.

На фотографиите кои што на своите социјални мрежи ги споделил адвокатот на Меланија, Мајкл Вајлдс, се гледа дека тој ужива во друштвото на Заева, но и на првите дами на Хаити, Косово, Панама, Франција и други. Под фотографијата со Заева, тој појаснува дека таа е првата дама на Македонија, и го поздравува својот соработник, македонецот Дарко Дејановски, кој живее во Њујорк и е ангажиран во неговата канцеларија. Зорица го придружува премиерот Заев, кој е во неколкудневна посета на САД.

Вики Клинчарова

Поврзани новости