(ФОТО) Граѓани почнаа да се собираат пред СЈО

by Фокус

Незадоволните граѓани од одлуката на Иванов за општа аболиција и денеска од 18 часот почнаа да се собираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. И денешниот протест започнува пред СЈО како знак за поддршка на оваа институција.

Од Специјалното јавно обвинителство граѓаните ќе се упатат кон Собранието, а потоа и кон Владата. Тоа е според планираната рута, но како и вчера може да дојде до промени. На вчерашниот протест од Собранието граѓаните се упатија пред Министерството за култура, па потоа кон Владата.

poc p

Поврзани новости