Фото: Двајца пожарникари вечерва и го спасиле животот на 35-годишна девојка во Карпош

by Fokus

Двајца пожарникари вечерва и го спасиле животот на 35-годишната С.П. во зграда во скопската населба Карпош, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, нејзините најблиски не можеле да ја пронајдат девојката бидејќи таа не одговарала на нивните телефонски повици. Биле повикани пожарникари и Брза Помош. Пожарникарите од противпожарната станица Тафталиџе, Александар и неговиот колега Жаре Андреевски успеале да и помогнат на девојката, која според информациите со кои располагаме колабирала и паднала пред влезната врата. Тие, во првиот момент не можеле да ја пронајдат, и од петтиот спрат се спуштиле на четврти каде што живеела младата девојка, влегле преку терасата во нејзиниот стан и ја пронашле падната пред нејзината врата.

Веднаш било реагирано, на местото пристигнала Брза Помош и девојката е пренесена во болница.

Поврзани новости