(ФОТО) Демонстранти со чадори ги штитеа полицајците од боја

by Фокус

Од Собранието демонстрантите се упатија кон седиштето на Антикоруциската комисија и кон него фрлаа со балони со боја. Дел од демонстрантите со чадори застанаа пред полицискиот кородон кој беше поставен пред зградата со цел бојата да не заврши врз полицајците.

Граѓаните кои протестираат ги извикуваат стандардните пароли како „Шутка не ти бега, Никола“,„Нема правда, нема мир“ и „Робија за мафија“.

На еден од минатите протести, демонстрантите на полицајците им понудија кабаници за да се заштитат од бојата, но тие не ги прифатија.

ant

Поврзани новости