ФООМ: Груевски е опседнат со теориите на заговор!

by fokus

Во интервју за НОВА, директорката на Фондацијата Отворено општество, Фани Каранфилова Пановска, одговара на нападите на Никола Груевски изнесени во интервјуата во Република и Дневник.

-Констатациите на Груевски се лаги, манипулации и тешка злоупотреба на полувистини, со што се покажува дека експремиерот е сериозно опседнат со теориите на заговор. Таквото интервју и тој наратив е еден вид продолжение на притисокот на граѓанското општество во Македонија, и кон ФООМ подиректно, којшто трае со години наназад, а во овој период се интензивираше, за да се случи долгонајавувата чистка со неистомислениците на Груевски, доколку му се укаже можност да формира влада. Дефинитивно, тоа е вовед во она што и самиот го најави со прогласот на 17 декември, во којшто за прв пат го користи терминот „десоросоизација”  вели директорката на ФООМ.

Целото интервју можете да го погледнете тука.

Поврзани новости