Зошто Иванов ја остава армијата под команда на нелегален началник?!

by Фокус

Тригодишниот мандат на генералот Горанчо Котески е истечен минатата година, но претседателот Иванов сѐ уште не му доверил нов мандат, односно не избрал нов началник на Генералштабот, како што налага законот.

Дел од познавачите велат дека тој морал тоа да го стори уште кога распоредуваше чиновници на раководни позиции во армијата, согласно новата армиска формација, бидејќи вака има началник, ем со истечен мандат, ем на непостоечка формација.

Како и да е, ваквата замрсена ситуација ги разгорува амбициите кај други генерали да дојдат до врвното место во војничката хиерархија, поради што лобираат кај власта преку високи полициски функционери, кои некогаш биле дел од Министерството за одбрана.

Да биде состојбата уште покомплицирана, тие сега како дел од Министерството за внатрешни работи се во латентен конфликт и со луѓе околу шефот на државата

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”