Во Македонија, поевтино е да се купи политичар-шмизлo отколку да се направи шмизла од бронза

by Фокус

За да се натера некој пратеник или советник облечен во опозициски дрес да почне да дава автоголови (т.е. да заигра за власта), би требало да е доволно да му се дадат толку пари колку што би добил за уште еден или два мандата (што ќе ги пропушти затоа што опозиционерите нема пак да го кандидираат, оти виделе дека е предавник) што, пак, преведено во пари би значело дека за 100.000 евра (збирот на акумулираните плати од пропуштените потенцијални два мандата од по четири години) може да се купи политичар од редовите на опозицијата со карактер на политичка шмизла.

Тоа, очигледно, е многу поевтино од цената која државата беше спремна да ја плати и ја плати, впрочем, за шмизлите од бронза, чија цена, според некои извори се движеше од 150.000 евра, па нагоре. Настрана што купувањето на еден готов опозициски пратеник е поевтино отколку купувањето доволно гласови за да биде избран еден пратеник од власта.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”