Јолевски ја токми воената полиција против граѓаните!

by fokus

„Фокус“ дознава дека министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во јули годинава донел Правилник за начинот на работа на Воената полиција, според кој, воените полицајци добиваат овластувања какви што имаат полицајците на МВР.

Армиските полицајци ќе можат да носат фармерки и маички, да легитимираат и да апсат цивили, да обезбедуваат и расчистуваат објекти што ќе ги определи владата, а за тоа ќе добиваат наредби од министерот, а не од врховниот командант.

Министерството за одбрана молчи за скандалозниот Правилник, а старешини на АРМ прашуваат дали ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува воените полицајци за судир со граѓаните и со припадниците на МВР на изборниот ден?!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”