Со зурли и тапани, пастирот испратен во историјата

by fokus

Радикалната „геополитичка“ дружина на пастирот, неговите довчерашни главни медиумски саксофони на непокорот, антиглобализмот, трампизмот, суверенизмот, која побрза да ги земе скалпелите во своите раце за да го сецира политичкиот труп на Груевски уште пред минатонеделните избори, веќе извесно време пласира теза дека омилениот им водач наводно извршил предавство на својот народ, поради кое и не можел да очекува ништо друго, туку пораз на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и конечно збогување со политиката.

Предавството, демек, се состоело во тоа што пастирот не истрајал во борбата против мрачното американско-британско-европско сценарио за разнебитување на Македонија помогнато од домашните предавници и албанските освојувачи, туку веројатно поради тоа што бил уценет, или од засега необјасниви причини, станал актер во таа ѓаволска игра.

Се разбира, да не е проѕирна, патетична и дрска, оваа теза би била навистина опасна.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”