Со ваква падни-стани економија, македонските граѓани ќе ја сонуваат Европа!

by Фокус

Буџетот може да личи полн под напонот на новите задолжувања, БДП статистички да се билда, извозот да расте, а невработеноста да опаѓа, но факт е дека граѓаните слабо фајде видоа изминативе години.

Сите силни статистики употребени во неспоредливи параметри нема да ја променат домашната реалност на секој одделно.

Со падни-стани економија и со измешани приоритети, македонските граѓани во наредните две децении само ќе сонуваат за да се приближат до европскиот стандард.

Дотогаш како со цуцла лажливка медиумските спинери ќе нѐ храбрат дека сме најдобри, најпаметни и најубави, а богами и дека сме богати.

Кој не верува, нека се препушти на удобноста на ТВ далечинскиот управувач!

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”