Режимот, ем сосема е „одлепен“, ем сѐ уште цврсто се држи за власт

by Фокус

Оваа власт, овој режим дефинитивно одамна „не е со сите“, ама, сепак, за жал, уште е со нас, и владее.

Нема сомнение дека се сосема „одлепени“ луѓето од владејачката гарнитура, ама и такви, одлепени, сѐ уште цврсто се држат до фотелјите.

Премиерот, што би рекле кумановци, одамна е „начисто отиден“, ама се чини дека сепак не е „во заминување“, како што упорно го зезаа опозиционите пратеници кога пред една недела му поставуваа пратенички прашања во парламентот.

Она што најмногу загрижува е тоа што некој моќен и влијателен фактор од Запад се чини дека му дал гаранции на Грујо дека е сосема можно и реално нова власт баш и да нема по април, туку да си остане старата власт, ако победи на изборите.

Тоа што Грујо верува и постапува според тоа верување (кое ако е погрешно, ќе го чини 10 милиони евра што нема да ги украде), значи дека добил од некаде надеж, дека месеците, сепак, не му се одбројани, дека има иднина за него.

Што, пак, значи дека ситуацијата е многу лоша, оти штом има надеж и има иднина за Груевски, тоа значи дека нема надеж и дека нема иднина за Македонија!

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”