Реалниот човек на реал-груевизмот

by Фокус

Најперверзната вистина за современиот авторитаризам денес е што мнозинството не е свесно за неговото постоење.

Таков е случајот и со граѓаните  на Македонија. Оваа аномалија потсетува на чувство за добро здравје. Веројатно секое утро не воскликнувате весело: Јас сум здрав како челик.

Слично е и со авторитаризмот, слично беше и со тоталитаризмот.

Ако се разбудите некое утро и констатирате дека живеете во еден авторитарен свет, тоа значи дека сте болни, вели Библијата на тоталитаризмот.

Груевски би дал и кралство за коњ, слично на Ричард Трети во 1529 година, кој го опеал Шекспир.

Тој дели државни пари, покачување плати, нови вработувања, веројатно нови олеснувања за пензионерите и студентите и за земјоделците. Навистина дава сѐ само да ја сочува власта.

Него не му е битно колку ќе чини тоа. Одеднаш големиот лав, кому никој не смееше да му се спротистави, доби карактеристики на уплашено глувче желно за своите привилегии и функции.

Пишува
Нано РУЖИН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”