Пожар избил во стомакот на пациентка среде операција!

by fokus

Пред два месеца, на Клиниката за дигестивна хирургија се случил скандал, во кој при операција на жолчка кај 69-годишната С.В. од Скопје избил пламен од стомакот. За време на интервенцијата, хирургот преку метална боца ставал медицински гас во стомакот, во случајот јаглероден диоксид, со цел да се прошири стомачната празнина за да може полесно да работи.

Проблемот настанал кога во боцата, наместо јаглероден диоксид, по грешка имало кислород што го предизвикал огнот.

Хирургот што го извршил оперативниот зафат ни го потврди случајот, но вели дека било реагирано на време и била спречена поголема трагедија.

Арно ама, директорот на клиниката, Александар Караѓозов, и Министерството за здравство упорно молчат за случајот!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”