Полска земја европска

by Фокус

Полска е земја-членка на ЕУ повеќе од деценија. Но, од функционирање на локалната власт и чистите улички, преку поставените еколошки филтри и многу зеленило, па сѐ до заштитните механизми за независност на институциите се забележуваше дека тоа е навистина Европа.

Насетувајќи дека иако тие се десет и кусур пати поголема земја, можеме да научиме за нашиот европски пат, везден се прашувавме како го постигнале тоа.

Одговорите беа различни во зависност како, кого и што прашувавме.

Но, еден дел на одговор се пројавуваше насекаде, сакајќи да доловиме како толку успеале: тие секогаш имале консензус за нивниот европски пат и имале општествена група која изричито го сакала тоа.

Тоа таму биле селаните и земјоделците кои секогаш биле првите и веројатно највредните во нивниот европски пат.

Само еден податок за илустрација на успехот беше она што ни го кажаа во еден врвен економски институт, а тоа беше дека оваа година и со Германија се во суфицит, при што извозот кон тој нивен сосед за првпат го надраснал увозот.

Тоа лесно го прават други земји што таму ќе извезуваат да речеме пиперки, но тоа е предизвик за земјите што увезуваат и скапи машини од Германија

Пишува
Рамадан РАМАДАНИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”