Половина милион евра дадовме кеш на ДПМНЕ откако Груевски стана премиер!

by fokus

Пред неколку недели добив писмо на триесетина страници од Ѓорѓи Теневски, а преку неговата адвокатка Светлана Савиќ, во кој обаснува дека е жртва на политички монтирани судски процеси за случаите поврзани со „Јака табак“.

Уште повеќе, некогашниот прв човек на „Јака табак“, сега потстанар во штипскиот затвор, потврдува дека е еден од кеш-донаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ама и сведок за вакви кеш „каса прими“ трансакции давани на Гордана Јанкулоска, а по барање на Никола Груевски.

Фактот дека СЈО веќе води истраги за незаконското финансирање на оваа партија, ем нивните изборни кампањи, како и пасивноста на „перфектиниот“ обвинител Марко Зврлевски кон сите вакви сведоштва и документи, беа мотив да дадеме простор за размислувањата на Теневски, осуден на 5 години, а во друг предмет на 4 години затвор.

Тој верува дека целата хајка кон него, ама и кон Загорац Тумбовски била мотивирана од паранојата на неговиот пријател и сопартиец, Груевски дека поседуваат докази за кеш финансирањето.

Се разбира, неговото обраќање го пренесуваме во скратена верзија.

Подготви
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”