Перспективите на Шарената револуција

by Фокус

Секоја непромисленост, грешка или нерешителност може да има катастрофални последици по иднината. ЖИВОТОТ (Шарената револуција) или тивка економска, социјална и политичка, индивидуална и колективна смрт на маргините на Европа е прашањето за избор сега.

Но, да не драматизираме! Како и секогаш, животот не е така и толку категоричен и дијаметрално спротивставен, ниту, пак, Фамилијата има толкава моќ за да ги победи граѓаните.

Излез и решение секогаш има. Историјата недвосмислено покажала и докажала дека диктатурите доаѓаат и си одат. Народот е тој што е вечен (се разбира, доколку преживее).

Токму затоа Шарената револуција не е ништо друго, отколку негов исконски порив за преживување – економско, социјално, индивидуално и колективно.

Единството на луѓето на улиците, по којзнае кој пат покажа дека човекот, пред и над сè е индивидуа, личност за и по себе, а сѐ друго (национално, верско, социјално) е само изведена категорија.

Во тоа е убавината на шареноликоста, на цветањето на илјадници цветови, чиј заеднички именител и движечка сила на дејствување е уривањето на диктатурата и втемелувањето демократски односи во општеството.

Пишува
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”