Новата и старата ера во Македонија

by fokus

Времето во Македонија во иднина ќе се есапи на три периоди пред, за време, и по падот на режимот на Никола Груевски, нешто како пред, за време и по катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули во пет часот и седумнаесет минути, во 1963 година.

Тоа е датумот, часот и минутите, кои во колективното паметење на скопјани, без оглед кога се родени, е камен-меѓник со кој се обележуваше времето во главниот град на државата.

Во цела, Македонија, пак, новата ера, која ќе остане уште долго запаметена, почна на 11 декември 2016 година, кога мнозинството граѓани ја прекинаа старата ера на „груевизмот“, на неконтролирано и криминално владеење заокружувајќи ја на гласачкото ливче графата за слобода и правда

Пишува
Ерол РИЗАОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”