Никој не е невин во политичкиот харем на Груевски!

by Фокус

Конечно, крај на длабоката политичка криза во Македонија! Веќе сме во уште подлабока и поголема политичка катастрофа. Скраја било, можеби, и катаклизма!

Во ова сите нас „несебично“ нѐ втурнаа поранешниот премиер Никола Груевски, засега и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и неговиот послушник д-р Ѓорге Иванов, сѐ уште претседател. Првиот, со инаетливото и „далеку од умот“ по секоја цена одење на избори на 5 јуни.

Вториов, со неуставната и срамна Одлука за генерална аболиција и ослободување од кривично гонење на Груевски и неговата партиска врхушка, со што го минираше СЈО. Уште еден нивен заеднички државен удар! Браво за Пастирот, браво и за Хорхе.

Со неверојатна брзина „шибаат“ во бездната, настојувајќи и Македонија да ја повлечат со себе. Или, тие таму први ќе стигнат.

Како да не врие во земјата и како државата да не е во опасна и нестабилна состојба, преплашениот Пастир си тера нови и сѐ понови, ама мега проекти. Мисли дека сите нѐ надмудри, не „превесла“ и пренесе „жедни преку вода“.

Заборави на лопатите и црвените панделки, отворањето на сѐ и сешто, дури и на фекалните канализации. Бидејќи успешно ја подели земјата, им се „наврти“ на земјоделците. Де со систем „капка по капка“, де со проект за крави за молзење.

Осамен, немушто објаснува ли објаснува, тешко и неуверливо го чита напишаното. Прекрасна симфонија на звуци. Час зборовите на Груевски, час мукањето на кравите. Незаборавно!

„Малиот диктатор“ Груевски, како „Големиот диктатор“, панично се мајтапи со сите. Во стилот, во Македонија нема толку ќерамиди колку што јас можам да ве шетам по нив. И се спрема да завојува. Пред сѐ со македонските граѓани. Но и со демократскиот свет и со нашите искрени меѓународни пријатели.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”