Ние сме повеќе од милион, тие се неколку пати помалку!

by Фокус

На 10 јуни запревме во Брисел, по три дена продолжуваме во Скопје. Каде ќе завршиме…? Во понеделник, на 29 јуни во Скопје почнува второто полувреме на натпреварот: Зоран Заев, лидер на здружената опозиција и на натпартиското, мултиетничко и мултирелигиозно Движење „Граѓаните за Македонија“ против премиерот Никола Груевски и неговата екипа – недемократската, апсолутистичка, корумпирана и криминалнa врхушка.

Целта е враќање на општеството и на државата во рацете на сите македонски граѓани. И на слободата, демократијата и иднината на земјата.

Првото полувреме, на 10 јуни во Брисел заврши со резултат 3:1 за Груевски, логистички помогнат од послушните му лидери на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

И главниот „судија“, еврокомесарот Јоханес Хан не се снајде најуспешно, превиде многу работи и на публиката ѝ остави впечаток дека или нема доволно ускуство, или е пристрасен.

Слично како и „аут-судиите“, амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”