Не плашете се толку од владата!

by Фокус

Ги доведовте луѓето со здрав разум да ви се колнат, гадови едни, дека тоа што се осмелиле да претнат, да зборнат, да ја искритикуваат вашата небулозна политика, „жими мајка“, не значи дека зад нив стои СДСМ.

Ги доведовте кутрите студенти да молат на нивните протести да не се појавуваат партиски лица од СДСМ.

Небаре ние обичните луѓе со свој став и интегритет, со свои маки и проблеми, не знаеме лажица да држиме ако СДСМ не ни каже како. А, бре, мавнете се оттука!

Кои сте вие, кој е тој СДСМ, бре, наспроти мене, наспроти моето внатрешно битие, мојата мисла и интегритет?

Наспроти студентите, професорите, наставниците, докторите, новинарите?

Пишува: Ана ПАНОВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”