Народ што денес не гризе, утре ќе пасе!

by Фокус

Многумина се зачудени што актуелнава власт толку забегала, што се чини дека веќе нема ни страв ни срам од својот народ. Како и Жорж Кивие што знаел анатомија, и актуелнава власт одлично го познава карактерот на народот со кој владее.

Како што тој разбирал дека животното што има рогови нема да го изеде, оти сите рогати суштества се тревопасни, така и оваа власт знае дека народ што дозволил да му се набијат рогови не еднаш, не двапати, туку седум или осумпати без да се буни, нема да се побуни ни кога јарем околу вратот ќе му се стави, кога плуг на тој јарем ќе се закачи и кога со остен во задникот ќе се боде за да ора, надевајќи се дека одвреме навреме ќе му биде дозволено да попасе малку трева.

Додека овој народ не сфати дека треба на власта да ѝ ги покаже забите, власта ќе му ги покажува своите заби на народот.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”