Како оние со загорчените животи да ги победат оние со омрсените мустаци?

by Фокус

Многу години во Македонија се водеше тивката војна меѓу децата на пелинот и децата на мортаделата.

Децата на пелинот се оние кои не сакале да наведнат глава, да клекнат на колена и да лижат газови, па затоа власта им го загорчила животот.

А нивен антипод се децата на мортаделата, оние кои покорно си „пушат“ и „лижат“ со години и за нивното понизно измеќарување добиваат редовно сендвич со мортадела, кога метафорично (преку вработување во државна служба), кога буквално (кога со партиски автобуси доаѓаат на митинзи да глумат „спонтано собран народ“).

Во таа тивка војна меѓу огорчените и омрсените, вторите многу години беа во предност, редовно победувајќи во сите битки, протерувајќи ги од бојното поле (т.е. од државата за чија иднина се води борбата) првите. Но, нешто во последно време како да се смени?

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”