Како да произведе чесни и одговорни судии, факултетот што се претвори во пазар на дипломи!?

by fokus

Во жарот на телевизиската дебата за нашите неволји со судиите и со судството, двајцата професори од Правниот факултет во Скопје, за малку ќе допреа до еден од најважните извори на тие неволји: сопствената институција.

Тука, на Правниот факултет во Скопје, имено, се образовани поголемиот дел од судиите, па логично би било да се каже нешто за добиеното образование и стекнатите морални вредности со кои дипломците „зрачат“ во општеството половина век потоа.

Но, замолкнаа. Замолкнаа затоа што за тоа се молчи и на факултетот. Се пожалија на некакви надворешни фактори, кои, ете, ги рушат критериумите, каков што е законот за преполагање испити со цел да се заобиколат новите критериуми, според кои, за определени позиции е потребен просек, но за себе не прозбореа.

А, требаше. Ако ништо друго, требаше да речат: „И ние сносиме дел од вината за состојбите во судството“.

Пишува
Денко МАЛЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”