Изведувачот „Алдинг“ ја купил компанијата што му вршела надзор!

by fokus

Податоците што ги обезбеди „Фокус“ откриваат поврзаност меѓу компании што учествувале во изградбата на новиот барокен објект на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Имено, компанијата што склучи договор од 7,5 милиони евра со јавното претпријатие со доизградба на објектот во 2014 година, „Алдинг Инженеринг“, истата година станала дел од сопственичката структура на фирмата што го вршела надзорот врз градбата, „Прима Инженеринг“.

Освен тоа, нивниот сопственик поседува уште една фирма, која соработувала со скопски водовод, посредувајќи меѓу јавното претпријатие и друга домашна компанија за водоводна опрема

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”